АКТУЕЛНО

news-img
news-img
scroll-down-indicator.img

2019

Основано

100

Членови

10

Настани

1000

Посетители

За нас

MЗЕС



Македонското Здружение за Естетска Стоматологија – МЗЕС е основано во ноември 2019 година, како прво професионално здружение кое ги обединува сите членови од стоматолошкиот тим - општи стоматолози и специјалисти по стоматолошка протетика, орална хирургија, ортодонција, болести на забите и ендодонтот, како и пародонтологија, заедно со нивните забни техничари и студенти по стоматологија.


Според најновите протоколи на модерната стоматологија, само со тимски пристап може да се направат сеопфатни решенија кај комплексните стоматолошки случаи, со високи естетски и функционални барања.


Целта на нашето здружение е да го организираме континуираниот модел на стоматолошка едукација, заедно да ги елаборираме новите процедури во детали и преку размена на идеи и иновации меѓу членовите да го подобриме квалитетот на нашата работа.

Мисија

МЗЕС шири знаење и организира стручни настани и обуки, во соработка со светски здруженија за естетска стоматологија, компании и докажани професионалци, со цел сите модерни трендови да се донесат во Македонија и да станат што подостапни за нас стоматолозите, како и нашите пациенти.

МЗЕС ги формира научните дискусии во аспект на поставување на високи стандарди и протоколи за работа, врз основа на современа стоматологија базирана на докази. Освен тоа, со наша помош нашите членови се профилираат во нови предавачи, на кои им ги отвораме вратите на домашните и странски настани и им организираме пристап во интернационалните случувања.


Доколку и Вие сте стоматолог, забен техничар или студент по стоматологијa кој сака да научи повеќе, да ги сподели своите идеи и научни достигнувања во областа на стоматологијата, Ве покануваме да ни се ПРИДРУЖИТЕ.


Интернационални активности

МЗЕС е директно поврзанo со
Европското Друштво за Козметичка Стоматологија ЕСЦД и посредува во зачленувањето, активирањето и сертифицирањето
на македонските стоматолози во оваа престижна организација.

escd-logo

Времеплов