irina-img
irina-img

Обраќање на претседателот

Оралното здравје е битно за сите нас. Мојата лична мисија се однесува на подобрување на знаењата за оралното здравје и квалитетот на стоматолошките услуги во Македонија. Здружението МЗЕС има за цел да стане покровител на сите талентирани и посветени млади стоматолози кои сакаат да продолжат да се усовршуваат и да ги соедини со искусните клиничари, истражувачи и едукатори во пренесување на нивните знаења.

Освен што се фокусираме на пронаоѓање на перфектната насмевка на секој поедин пациент, ние се стремиме кон организирање настани за помагање и на постарите, хендикепираните или хронично болните пациенти. Затоа ве покануваме и вас доколку сте стоматолози, забни техничари или студенти по стоматологија да УЧИТЕ, ПРАКТИКУВАТЕ и ВОДИТЕ.

Откако организиравме повеќе едукативни настани во изминатите години, увидовме дека нашата работа има влијание врз развојот на модерната стоматологија во Македонија на различни нивоа и денес се повеќе колеги сакаат директно да се вклучат во процесот.

Др.спец.маг. Ирина Трајковска Зареска

Тимот на МЗЕС

viktor-img

Дипломира во 2008 на Стоматолошкиот факултет на универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Специјалист по протетика од 2012 година. Посетувал разни курсеви од областа на стоматологијата, особено во областа на високи естетски реставрации на протетика, ламинати, поминал специјална обука и добил лиценца за апликација на хијалуронски филери во естетиката на лицето.
2020 година станува еден од тројцата едукатори кои го основаат ОртоЕс Едукативниот центар. Врши практични курсеви за минимални инвазивни естетски реставрации и протетичка рехабилитација на пациенти со темпоро - мандибуларни нарушувања.
2013 година продолжува едукација за миографска анализа за концептот на оклузален третман во Удине.
2014. Едукација за третман на пациенти со оклузална дисфункција со Arcus Digma протокол.
2015 Станува одговорен за оделот протетика во Поликлиника Дента ЕС.

irina-img

Д-р. Ирина Трајковска Зареска, дипломирала на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, 2000г., како најдобар студент во генерација, на Универзиетот „Св. Кирил и Методиј“ Во 2001г. Основала НВО за млади стоматолози, кои работеле на неколку проекти со лица сопосебни потреби.
Во 2005 г.,Основала специјалистичка ординација по стоматолошка протетика ПЗУ Дентизар,каде работи се до денес.
Во 2007 година специјализирала стоматолошка протетика и магистрирала на отсекот за оралнахирургија, на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Во наредниот период посетила многу домашни и интернационални конгреси каде имала орални презентации и излагања на постери за нејзината научна работа. Д-р. Ирина Зареска, е избрана за координатор за Македонија на Европдкото Друштво за Козметичка Стоматологија - ЕСЦД, во Загреб 2017 а во 2019 година е Избрана е за претседател на Македонското Здружение за Естетска Стоматологија -МЗЕС

irina-img
ana-georgiev-img

Д-р Ана Кртолица Георгиев ги завршила студиите по дентална медицина на Универзитетот во Љубљана, Словенија, кадешто работела во областа на протетиката под менторство на проф. Љубо Марион. Нејзин примарен интерес е естетска стоматологија и протетика, со посебен фокус на целосна усна рехабилитација.
По 7 години работа во Словенија во Здравствен дом Љубљана, д-р Кртолица се враќа во Скопје кадешто ја продолжува и надградува 30-годишната семејна стоматолошка традиција „Д-р Кртолица“. Неуморно се залага за подигнување на свеста за важноста на оралното здравје кај широката популација.
Затоа, д-р Кртолица ја создава работилницата Повеќе насмевки, низ којашто поминуваат повеќе од 800 родители и деца. Ана е мајка на три деца: Ведан, Васја и Дуња.

ana-aleksandrovska-img

Д-р Ана Александровска од Скопје, дипломирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2002 година. После праксата на Универзитетската стоматолошка клиника и неколкугодишна приватна пракса, заминува на двегодишен приватен резидент програм во Вашингтон(УСА)(2006-2007) кадешто посетува бројни програми континуирана едукација во областа на минимално инвазивна естетска и ласерска стоматологија. Завршува специјализација по стоматолошка протетика и низ годините својата пракса претежно ја насочува во правец на целосна орална рехабилитација, минимално инвазивна естетска стоматологија , адхезивна стоматологија и ласерска стоматологија, со посебно внимание на оклузална хармонија и функционална стабилност и гингивално здравје. Работи во својата специјалистичка ординација ВЕГА Протетика. Регионален KOL за Луминеерс на ДенМат од 2011 за што одржа бројни меѓународни тренинзи и hands on курсеви со презентација во живо.
Активен член во ESCD и ADA.

ana-aleksandrovska-img
aleksandar-img

Др.Александар Трајаноски дипломираше 2008 година, на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2014 година до денес работи како стоматолог во Ендомак стоматолошка поликлиника. Има присуствувано на бројни курсеви и работилници: Дигитално дизајнирање на насмевка со Dr.Cristian Coachman, дентална фотографија со Miladinov Milos, Геометрија на убавината со Dr.Florin Cofar и многу други курсеви и работилници. Тој е еден од основачите на ESCD Study club Macedonia и Македонското здружение за естетска стоматологија. Во 2019 година станува Активен сертифициран член на European Society of Cosmetic Dentistry.